Ќе има навивачка фан зона за враќањето на ЛШ во „Јане“: Вардарци, време е!

Ракометарите на Вардар в среда ќе го играат натпреварот против Нант во Лигата на шампионите кој за македонскиот шампион ќе биде прв на домашен терен во ракометната елита по пауза од пет години.

Вардар веќе ја започна сезоната во Лигата на шампионите со пораз на гости кај Мелсунген, но избраниците на Иван Чупиќ во тој дуел воопшто не разочараа и во голем дел од натпреварот прикажаа рамноправна игра.

Сега, пред гостувањето на Нант во Скопје, Вардар најави и навивачка фан зона пред салата „Јане Сандански“ каде што ќе има бина, музика, забава и повеќе активности.

Дополнителни информации околу фан зоната клубот ќе објави наскоро. Натпреварот помеѓу Вардар и Нант се игра в среда во терминот од 18:45 часот.