По четири години, Марио Младеновски се враќа во македонската репрезентација
Тоа ќе биде враќање во националниот тим за 26-годишниот фудбалер кој дебитираше на само 19-годишна возраст, на квалификациски натпревар против Австрија, а потоа играше само уште против Саудиска Арабија во 2022. Ова значи дека тој се враќа во националниот тим по пауза од безмалку четири години и ќе го очекува својот трет настап во црвено-жолтиот дрес.
Македонија ја очекуваат четири дуели во период од само десет дена од кои два против Швајцарија и по еден со Словенија и Шкотска.
Седлоски најави дека за овие натгпревари ќе објави список од 30-тина фудбалери со оглед на тоа што се работи за згуснат распоред кој очигледно ќе ги исцрпи играчите и ќе биде потребна подолга ротација.