Марк Маркез го одби налетот на Бецеки во Сан Марино за 21. спринт победа

Возачот на Дукати, Марк Маркез, победи на спринтот на Големата награда на Сан Марино во рамките на шампионатот во Мото ГП.

Бранителот на титулата спринтот го започна од втората позиција и веднаш на стартот го претекна Марко Бецеки и го презеде водството во трката.

На првото место остана до самиот крај на половина од спринтот изгледаше дека лесно и убедливо ќе триумфира, но Бецеки потоа го засили темпото.

Возачот на Априлија сепак не успеа доволно да се приближи и да го предизвика Шпанецот на дуел, но го натера да вози на самата граница на своите можности за да ја забележи својата 21. победа во спринт-трките.

Третото место го освои Хорхе Мартин на втората Априлија, лидерот во генералниот пласман имаше големо заостанување зад Маркез и Бецеки.