Штутгарт поведе, но Борусија направи пресврт за прва победа во Бундеслигата!

Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах стигнаа до првата победа во Бундеслигата оваа сезона, откако триумфираа на гостувањето кај Штутгарт со 3-2 во седмото коло од германскиот шампионат.

Демировиќ постигна прекрасен гол во петтата минута за предност на Штутгарт од 1-0, но Борусија Менхенгладбах набрзо го возврати ударот и израмни на 1-1.

Борусија постигна уште два гола во вториот дел за пресврт преку Мачино и Мохја (3-1), по што Демировиќ повторно стрелаше за Штугарт за конечни 2-3.

Штутгарт остана на 14. место со шест бодови, додека Борусија е последна со три поени.

Фото: Facebook/Borussia Mönchengladbach