Томовски е хит во Германија: Доби страшен удар во главата, а тој се секираше за фризурата! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски стана хит во Германија поради еден потег на натпреварот меѓу Штутгарт и Битигхајм (39-29).

Во 19. минута од средбата, Томовски доби силен удар во главата, но неговата реакција по инцидентот беше тоа што ги изненади гледачите. Голманот не се жалеше долго на повреда, туку веднаш стана и се загрижи за неговата фризура.

Томовски го заврши натпреварот со четири одбрани, односно 15,4 отсто успешно одбранети удари.

Фото: SG BBM Bietigheim /Facebook