Лука Станковски го постигна првиот гол за Колос (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Лука Станковски денеска му помогна на Колос Коваливка да слави со 2-0 против Верес Ривне во 10. коло на украинската Премиер лига.

Колос поведе со голот на Антон Салабај во 14. минута од натпреварот, додека Станковски ја затресе противничката мрежа во 53. минута за конечни 2-0.

Ова беше прв гол на Станковски во дресот на Колос, а претходно оваа сезона запиша и една асистенција.

Фото: Facebook/FC Kolos Kovalivka