Онана доживеал тешка сообраќајна незгода во Турција! (ВИДЕО)

Камерунскиот голман Андре Онана, кој е на позајмица во Трабзонспор од Манчестер јунајтед, бил пренесен во болница по тешка сообраќајна незгода во Турција.

„Дејли Мејл“ објави дека Онана се враќал од натпревар со своето семејство, кога автомобилот во кој се наоѓале бил удрен со голема брзина.

Ударот предизвикал верижна сообраќајка во која учествувале три возила, а според првичните информации, Онана и членовите на семејството се во добра здравствена состојба.

Засега нема дополнителни детали за околностите на несреќата и дали голманот се здобил со повреди.

Фото: Facebook/Trabzonspor