Чуамени ја откри вистината за скандалот со Валверде во Реал Мадрид (ВИДЕО)

Францускиот репрезентативец Орелиен Чуамени конечно реши да зборува за инцидентот со Федерико Валверде во соблекувалната, кој пред неколку месеци предизвика бура во Реал Мадрид, а медиумите пишуваа дека тие двајца имале физичка пресметка.

Чуамени во разговор за емисијата „Бриџ“ објасни дека реалната ситуација не била ниту блиску до таа што се прикажувала во медиумите.

„Сакам да разјаснам некои работи. Немаше тепачка како што се пишуваше во медиумите. Во соблекувалната се случуваат разни работи, а понекогаш има мали караници и несогласувања. Јас не се тепав со Валверде. Единствен проблем е тоа што играте за Реал Мадрид, па дури и најмалата работа секогаш станува огромна во медиумите“, вели Чуамени.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.