Невиден срам за Лацио: Милан ќе има повеќе навивачи на „Олимпико“
Од досега продадените 12.000 влезници, плус дополнителните 3.000 сезонски билети, речиси 10.000 места им припаднале на навивачите на „росонерите“.
Главната причина за ваквата ситуација е продолжувањето на големиот бојкот на најверните навивачи на Лацио. Ултрасите на римскиот клуб и понатаму протестираат против претседателот Клаудио Лотито, поради што не ги следат натпреварите на својот тим од трибините.
Така, дербито на „Олимпико“ место вообичаената доминација на домашните навивачи, би можело да има целосно поинаква слика – со бројна поддршка за Милан од гостинскиот сектор и околните трибини.