Норис прв ќе стартува на премиерата во Мадрид!
Формула 1 за првпат се вози на патеката во шпанската престолнина, а викендот во Мадрид веќе донесе интересни моменти. На тренинзите, Луис Хамилтон имаше непријатен момент откако направи грешка и удри во заштитниот ѕид.
Сепак, во квалификациите во центарот на вниманието беше Ландо Норис. Актуелниот светски шампион ја освои пол-позицијата и утрешната трка ќе ја започне од првото место. Веднаш зад него ќе стартуваат Кими Антонели и Макс Верстапен.
Зад нив следуваат: Луис Хамилтон, Шарл Леклер, Џорџ Расел, Оскар Пјастри, Лиам Лосон, Франко Колапинто и Арвид Линдблад.