Серафимов останува во Унгарија, потпиша нов договор со Фехервар!
Серафимов го носи дресот на Фехервар од 2022 година, а од клубот соопштија дека им е мило што македонскиот дефанзивец и во иднина ќе ги брани боите на нивниот тим.
„Пристигнав во Фехервар пред две години. Првата сезона не беше најдобра и морав да се соочам со две повреди. Работите се променија на почетокот на оваа сезона и нашиот тим стигна до посакуваната цел. Среќен сум што го продолжив договорот“, кажа Серафимов.
Фехервар по 31 одиграно коло во унгарското првенство се наоѓа на третата позиција со 53 бодови, односно еден помалку од Пакси.