Тебас ѝ удри шлаканица на Барселона по најавата за бомбастичен трансфер

Барселона веќе некое време се обидува да го реализира трансферот на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао, откако претходно каталонскиот гигант најави дека ќе ја плати откупната клаузула и ги договори личните услови со фудбалерот, но сега пристигна шлаканица од првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.

Тебас кажа дека правилата мора да се почитуваат и важат за сите екипи, односно Барселона во моментов не може да го купи и регистрира Вилијамс.

Шпанскиот репрезентативец покажа јасна желба да се приклучи на гигантот од „Камп Ноу“, меѓутоа очигледно ќе мора да почека за реализација на трансферот.

Вилијамс минатата сезона настапи на 45 натпревари за Барселона, при што постигна 11 голови и седум асистенции.