
Работнички и Силекс одиграа без голови на мечот на кој се тестираше ВАР системот!
На натпреварот на кој немаше голови ФФМ ја тестираше и ВАР технологијата која треба да се применува на мечевите од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Работнички и Силекс се две од четирите македонски екипи кои настапуваат во европските квалификации.
Работнички на 10 јули игра против Торпедо, меч кој се игра во Унгарија, а Силекс му гостува на Дечиќ во Црна Гора. Реваншите се седум дена подоцна во Скопје.