
Сабаленка ја мина и втората пречка на Вимблдон, елиминација за четвртата носителка
Сабаленка не загуби сет против Бузкова, но чешкатаа тенисерка покажа борбеност. Првиот сет се играше во тајбрејк кој го доби Белорусинката со 7-4. Во вториот сет беше подобра со 6-4.
Сабаленка во следното коло ќе има интересен дуел со Британката Ема Радукану која со 2-0 беше подобра од Вондрусова.
Паолини која ја имаше улогата на четврта носителка на Вимблдон, рано се сопна иако добро го започна мечот против Рахимова.
Италијанката го доби првиот сет со 6-4, но наредните два ги загуби со идентични 6-4 и 6-4 и го заврши настапот на големиот турнир.