Ужасна трагедија: Во сообраќајна несреќа смртно настрада Диего Жота!

Португалскиот фудбалер и член на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Диого Жота (28), трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи изминатата ноќ во шпанската покраина Замора.

Несреќата се случила на автопатот А-52, во близина на регионот Санабрија. Според првичните информации, возилото во кое се наоѓале Жота и неговиот брат Андре (26), исто така професионален фудбалер кој настапува за португалскиот клуб Пенафиел, излетало од патот и се запалило.

Очевидци кои веднаш ја повикале итната служба изјавиле дека автомобилот бил целосно зафатен од оганот, кој потоа се проширил и на околната вегетација. За жал, животите на Жота и на неговиот брат не можеле да биде спасени. Фудбалерот на Ливерпул пред само една недела правел свадба.

ФОТО: EPA PHOTO