Струга потпиша со искусен албански бек

Струга ТЛ се пофали со ново засилување, го промовираше 34-годишниот Гледи Мици кој доаѓа од редовите на Тирана каде настапуваше во изминатите две сезони.

Мици не е непознат за македонската фудбалска јавност, тој од 2018 до 2020 година беше фудбалер на Шкендија и одигра 52 меча во ПМФЛ. Во тој период постигна два гола и запиша дури 17 асистенции што е импресивно за бек.

Кариерата ја почна во Аполонија, а потоа ги менуваше Камза, Фламуртари, Кукс и Скендербеу, за пред шест години да се пресели во Тетово. По авантурата во Шкендија, замина во Косово како играч на Приштина, а последна станица му беше Тирана.

Може да биде сериозно засилување за Струга иако има 34 години.