Слот скршен од болка: Диого требаше да има лето од соништата – затоа боли уште повеќе!

Фудбалскиот свет денеска се збогува од Диого Жота и неговиот брат Андре откако двајцата го загубија животот во сообраќајна несреќа во Шпаниија, а со емотивна порака се огласи и тренерот на Ливерпул, Арне Слот.

Слот имаше можност една сезона да соработува со Жота и во таа успеаа да ја освојат англиската Премиер лига, а Португалецот беше важен дел од неговиот тим.

„Што може да се каже во овој момент? Болката и шокот се преголеми. Би сакал да имам вистинските зборови, но знам дека ги нема,. Моите први мисли не се од фудбалска смисла. Тоа се мисли за еден татко, син, брат и вујко. Семејството на Диого и Андре доживеа загуба каква што не може ниту да се замисли. Мојата порака до нив е јасна - никогаш нема да бидете сами. Фудбалерите, стручниот штаб, навивачите, а од она што го видов денес и поширокото фудбалско семејство, секогаш ќе бидат со вас

За нас како клуб оваа е апсолутен шок, Диого не беше само наш фудбалер, тој беше сакан од сите нас, соиграч, колега, соработник...и во секоја улога која ја имаше беше навистина посебен. Можам многу да зборувам за тоа што донесе за нашата екипи, но сите кои го гледале, веќе го знаат тоа. Последен пат кога зборувавме му честитав за освојувањето на Лигата на Нации му честитав за претстојната свадба. Поради многу работи ова требаше да биде негово лето од соништата и токму затоа срцето уште повеќе нѐ боли.

Кога првпат дојдов во клубот, една од првите песни што ги слушнав беше онаа за Диого. Претходно немав работено со него, но кога видов дека навивачите на Ливерпул каде што поминале толку многу легенди имаат песна за него, знаев дека е посебен. Моето сочувство оди до сопругата на Диого, Руте, нивните три прекрсни деца и родителите на Диого и Андре. Кога ќе дојде време ќе му оддадаме чест каква што заслужува и ќе се сеќаваме на неговите голови. Сега, ќе тагуваме за загубата, никогаш нема да бидеш заборавен, Диого“, заврши Слот.

Во изминатата сезона, Жота под водство на Слот одигра 26 натпревари во Премиер лигата во коие постигна шест гола и подели четири асистенции.

Фото: EPA