Најплатениот фудбалер во Италија може цела сезона да ја преседи на трибини!

Душан Влаховиќ во сезоната која следи би можел да биде сериозен проблем за Јувентус, барем како што изгледа во овој момент.

Јувентус го договори Џонатан Дејвид, а се најавуваше и дека преговара со Џејдон Санчо, сето тоа е јасен сигнал за Влаховиќ дека клубот не смета на него.

Влаховиќ од договоот има уште една година во која платата ќе му се зголеми од 10 на 12 милиони евра и со тоа ќе биде најплатен во Серија А, па српскиот голгетер не сака лесно да се откаже од тие пари.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Влаховиќ е подготвен и да ја преседи цела сезона на трибини, ако клубот го изостави од тимот.

Нешто слично во Јувенту се случи со Федерико Киеза кој пред една година исто така тренираше одвоено, па сега тоа сценарио може да се повтори со Влаховиќ.

Во текстот на „Газета“ се додава и дека Влаховиќ нема дилеми во заминувањето на Влаховиќ, само прашање е начинот на кој тоа ќе се случи.