
Tиквеш го промовираше германскиот инвеститор, па потврди четири засилувања
Во Кавадарци пристигна еден централен дефанзивец, лев бек и двајца голмани.
Дарко Илиески пристигнува да ја зацврсти одбраната, а негов последен клуб беше албанскиот Бајлс. Во кариерата беше дел уште од: Истикол, Струга, Шкупи, Копер, Пелистер, Борец, Тиквеш, Ширак Гјумри, Победа, Металург и 11 октовмри каде што ја започна кариерата.
Кристијан Ацковски е исто така фудбалер одбраната и игра на левата бековска позиција, а пред Тиквеш беше дел од романскиот Корвиул кој беше негов единствен клуб во странство. Во Македонија настапуваше за: Шкупи, Работнчки и Борец.
Голманот Христијан Стевсковски во Кавадарци се сели од тимот на Струга, додека претходно го чуваше голот на: Македонија Ѓорче, Петров и Скопје.
Покрај Стевковски, Тиквеш го доведе и 20-годишниот чува на мрежата Стефан Тасев кој последниот ангажман го имаше во бугарскиот Дунав и за него ова е враќање во Тиквеш по една година.