Модриќ „последниот танц“ во дресот на Реал го зачини со - мајсторски гол на тренинг (ВИДЕО)

Хрватскиот фудбалски магионичар, Лука Модриќ, повторно ја воодушеви фудбалската јавност со маестрален погодок на тренингот на Реал Мадрид, во пресрет на четвртфиналниот дуел од Светското клупско првенство (СКП) против Борусија Дортмунд.

На видео објавено на официјалните профили на „кралскиот клуб“, ветеранот ја покажа својата класа – доби топка пред себе и без двоумење ја зафати со надворешниот дел од ногата, испраќајќи ја прецизно во самиот агол на голот. Голманот се обиде да интервенира, но немаше шанси. Аплаузите од соиграчите веднаш го следеа неверојатниот потег.

„Кралевите“ се подготвуваат максимално мотивирано за важниот натпревар, кој за 38-годишниот Модриќ може да биде последен во дресот на Реал. Тој по СКП се очекува да се пресели во Милан и кариерата да ја продолжи во Серија А.

Четвртфиналниот натпревар меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд се игра во сабота од 22 часот.