Прекинат меч на Вимблдон при сервис за победа: Шелтон остана во шок (ВИДЕО)

Натпреварот од второто коло на Вимблдон меѓу Бен Шелтон и Ринки Хиџиката беше прекинат во момент кога Американецот требаше да сервира за победа.

Дуелот беше прекинат поради слаба видливост на теренот во момент кога Шелтон имаше предност од 6-2, 7-5 и 5-4. Имаше брејк предност и сервис за победа, но судијата Форкадел реши да го запре натпреварот.

Иако натпреварот најверојатно ќе завршеше за неколку минути, сепак судијата не сакаше да почека, по што Шелтон збесна од нервоза, а и публиката негодуваше поради одлуката.