Шелтон чекаше со часови поради бизарен прекин, па го реши ривалот за - 70 секунди!

Американскиот тенисер Бен Шелтон успеа да го совлада Ринки Хиџиката во натпревар на Вимблдон кој привлече големо внимание затоа што беше прекинат во самиот финиш поради тоа слаба видливост.

Шелтон беше на еден гем до победа против Хиџиката, но судијата синоќа реши да го прекине натпреварот затоа што била намалена видливоста, а Американецот денеска за само 70 секунди успеа да го елиминира ривалот и да обезбеди пласман во следното коло.

Фото: EPA PHOTO