Јакимовски потпиша за италијански Тренто - ќе игра во Еврокупот!

Македонскиот кошаркар, Андреј Јакимовски по завршувањето на епизодата во Америка се враќа во Европа и тоа во дресот на италијанскиот Тренто со кој ќе игра и во Еврокупот.

Екипата на Тренто преку социјалните мрежи потврди дека потпишала двегодишен договор со македонскиот интернационалец.

Јакимовски во Италија пристигнува по сезоната во Универитетот Колорадо Болдер каде што имаше просек од 10.2 поени, 5.1 скокови 1.3 асистенции 1.0 украдена топка по натпревар на 34 натпревари во НЦАА лигата.

За Јакимовски ова не е прво искуство во Италија бидејќи веќе настапи на еден натпревар во тимот до 18 години на Умана Рејер од Венеција на турнир во Белград, а исто така во сезоната 2019/2020 запиша седум настапи за Торино во втората италијанска лига.