
Саудијците притискаат за Левандовски, Барса пред тешка дилема
Некогаш има падови во формата, но тоа и не е големо изненадување ако се знае дека се работи за фудбалер кој е на залезот на кариерата. Главно игра добро и е меѓу најзаслужните што Барселона минатата сезона ја освои двојната круна во Шпанија.
Летово интерес за него покажале неколку клубови од Саудиска Арабија кои се подготвени да му понудат висока плата, а на Барса да ѝ дадат голема отштета. Каталонските медиуми тврдат дека понудите предизвикале бура во клубот, но никој во Барселона не ги одбил „на прва“. Во менаџментот постои дилема и дебата дали да се прифати некоја од нив бидејќи тоа би ги решило сите финансиски проблеми во кои се најде Барселона.
Познато е дека „каталонците“ уште не можат да ги регистрираат новите фудбалери поради фер-плеј правилникот и тоа е тема која се провлекува пред секоја сезона. Планот за ова лето беше да се продадат Тер Штеген и Кристенсен, но и едниот и другиот не прифатија трансфери бидејќи имаат важечки договори. Тоа го стеснува просторот за маневар, па понудите од Саудиска Арабија за Левандовски дојдоа во исклучително интересен момент. Иако конкретно не е посочено, се поретпоставува дека најзагреан е Ал Хилал кој летово ќе се раздели со Митровиќ и останува без квалитетена „деветка“.
За Полјакот, претстојната сезона ќе биде последна од договорот, а во неа му е загарантирана највисока плата што дополнително ќе го оптовари буџетот на клубот. Сепак, евентуалното заминување на Левандовски ќе ја остави Барса без врвен голгетер и без класичен шпиц, а дупката ќе мораат да ја пополнуваат Феран Торес и Маркус Рашфорд. За разлика од другите позиции, школата на Барселона ретко вади квалитетни „деветки“ и во моментов нема ниеден играч кој може да помогне, како што тоа беше случај со Кубарси, Јамал, Гави итн.