
Македонските кадетки загубија убедливо од Германија на ЕП
Младите ракометарки на Македонија парираа до 4-4, по што Германија ја презема контролата и на полувреме и имаше водство од 18-8.
Македонија во вториот дел не успеа да ја врати неизвесноста и на крајот доживеа тежок пораз со 18-31.
Најдобра во македонскиот состав беше Беровиќ со четири голови, додека Бендер погоди пет пати за Германија.
Фото: РФМ