Го допреа до срце: Осимен заплака поради кореографија на фановите на Галата! (ВИДЕО)

Пред почетокот на мечот од Лигата на шампионите меѓу Галатасарај и Ливерпул, фановите на турскиот тим направија голем гест за својот напаѓач, Виктор Осимен.

Додека се емитуваше химната на Лигата на шампионите тие извадија посебна кореографија за Осимен на која беше тој и неговата фамилија. На сликата беше и неговата мајка која тој ја загубил уште додека бил млад.

Таквата кореографија го трогна Осимен и не можеше да ги задржи солзите, се расплака.