Иран се откажал од СП 2026: Две земји чекаат повик од ФИФА
Причина за откажување е воената операција на САД и Израел против Иран, а тоа го посочи министерот за спорт на државата, Ахмад Доњамали.
„Откако корумпираната влада го уби нашиот лидер, повеќе нема услови кои би ни овозможиле да се натпреваруваме на Мундијалот. Поради бруталната акција против Иран, две војни ни се наметнати во рок од осум-девет месеци, а тоа резултираше со смрт на илјадници наши сонародници“, кажа тој.
По повлекување на Иран од СП 2026 уште не е познато кој ќе ги замени, а наводно најголеми шанси за пласман на Мундијалот има Ирак.
Според правилата на турнирот, ако учесник се повлече или биде исклучен, ФИФА може да повика друга екипа.
Ирак во моментов се натпреварува во плејофот за настап на Мундијалот, а ако се квалификува, тогаш следен тим во редот за настап на СП со покана се Обединетите Арапски Емирати.