Пелистер на гости кај Барселона го завршува настапот во ЛШ (ФОТО)

Македонскиот ракометен шампион Пелистер вечерва од 20.45 часот ѝ гостува на Барселона во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Пелистер ги загуби своите шанси за пласман во нокаут-фазата, па денеска го завршува настапот во елитното натпреварување.

Битолчани ќе гостуваат без Домен Тајник, кој се оперираше од слепо црево, а надвор од конкуренција е и Павле Атанасијевиќ поради повреда.

Барселона и Пелистер вечерва ќе се соочат од 20.45 часот.