Ѕвезди на Баерн Минхен под истрага дека намерно добивале жолти картони во ЛШ
Фудбалерите на Баерн, Џошуа Кимих и Мајкл Олисе добија жолти картони, со што нема да бидат достапни во реваншот против Аталанта, но интересно е тоа што добија санкции при резултат 6-0.
По натпреварот, Кимих негираше дека намерно добил картон и го оправда својот потег, но УЕФА нема да дозволи ова да помине без истрага.
Случајот потсети на сезоната 2018/19 кога Серхио Рамос намерно доби жолт картон против Ајакс.