ПСЖ сака одмазда против Челси, Реал Мадрид го пречекува Манчестер сити (ФОТО)

Вечерва на програмата се останатите четири дуели од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ), а најмногу внимание привлекуваат натпреварите меѓу ПСЖ и Челси, како и Реал Мадрид против Манчестер сити.

Францускиот шампион бара одмазда против „сините“ поради дебаклот во финалето на Светското клупско првенство (СП), а ќе се обиде и да ја искористи поддршката од домашната публика во првиот осминафинален меч.

Избраниците на Луис Енрике сакаат позитивен резултат пред реваншот во Лондон, но знаат дека нема да биде лесно против Челси кој покажа дека знае како да игра против најголемите ривали.

Челси доаѓа на оваа средба по тешката победа по продолженија против Врексам во ФА-купот, додека ПСЖ беше шокиран од Монако.

Реал Мадрид и Манчестер сити многу често играат во изминатите години, а само во 2025 година се соочија три пати, при што „кралевите“ славеа со 3-1 и 3-2, додека последниот меѓусебен натпревар заврши со победа на „граѓаните“ од 2-1.

Шпанскиот гигант не игра најдобро во изминатиот период, односно на последните пет натпревари запиша три победи и два порази, додека премиерлигашот е многу подобар и успеа да триумфира на четири од пет претходни средби.

Во останатите дуели ќе се соочат Баер Леверкузен и Арсенал, како и Бодо/Глимт и Спортинг.