Кандидат за претседател на Барселона најави „бомба“: Ќе го вратам Гвардиола!

Наскоро ќе се одржат претседателските избори во Барселона, а кандидатот Виктор Фонт привлече големо внимание со неговата најава за можно враќање на еден од најтрофејните тренери во историјата.

Фонт привлече големо внимание откако кажа дека ќе го врати Пеп Гвардиола во Барселона и тоа ќе биде негов приоритет ако го изгласаат за претседател.

„Една од моите цели е да го вратам Гвардиола во Барселона“, кажа Фонт.