Скандал: Фудбалерките на Љуботен го напуштија теренот по поништен гол (ВИДЕО)

Фудбалерките на Љуботен го напуштија теренот во 75. минута од натпреварот против Ас Јунајтед, откако им беше поништен гол.

Гостинските фудбалерки беа револтирани од судењето на арбитрите, кои им поништија дури три погодоци, а незадоволството кулминира по последниот поништен гол.

Љуботен се наоѓа на втората позиција во шампионатот со пет бодови помалку од лидерот Скопје.