Тиквеш без проблеми го совлада најслабиот тим во Суперлигата
Кавадарчани доминираа на паркетот и го добија првото полувреме со 52-32, со што го најавија големиот триумф против најслабиот тим во Суперлигата.
Двете екипи беа расположени во третата четвртина (31-31), по што Тиквеш до крајот на мечот дополнително го зголеми водството.
Најефикасен во победничкиот тим беше Хокинс со 24 поени, додека Хоуг постигна 25 поени за Ангели.