Македонските надежи ја нокаутираат Летонија на првата контролка во Скопје

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години триумфира со 2-1 против Летонија во првиот контролен натпревар во Скопје.

Медин Емини донесе предност за Македонија во 18. минута од натпреварот, а во продолжение Летонија искористи шанса преку Хенријс Хотомс за 1-1.

Летонија успешно се бранеше од нападите на Македонија, која го диктираше темпото на теренот, а победата ја обезбеди Велески во 89. минута.

Македонија ќе одигра уште еден пријателски меч против Летонија в петок од 13 часот.