Њукасл најде инспирација за Барселона, Ливерпул без Алисон гостува во Истанбул
Англискиот шампион нема најдобра сезона, откако ја загуби борбата за титулата, но затоа се надева на успех во Европа.
Оваа сезона се сретнаа овие екипи во второто коло од лигашката фаза во ЛШ, односно на 30 септември кога турскиот гигант славеше со 1-0 со голот на Виктор Осимен.
Ливерпул сака одмазда за поразот, но и позитивен резултат пред реваншот на „Енфилд“, меѓутоа во Истанбул гостува без првиот голман Алисон Бекер, но надвор од конкуренција се и Стефан Бајчетиќ, Конор Бредли, Федерико Кјеза, Александар Исак и други.
Osimhen nutmeg pass 😳#UCL pic.twitter.com/vrX9DvCcQW
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) March 9, 2026
Галатасарај нема поголеми проблеми во составот, но тренерот Окан Бурук има дури седумина на кои им се заканува суспензија ако добијат жолти картони вечерва.
Њукасл минува низ турбулентен период, но тренерот Еди Хау најде инспирација за вечерашниот дуел против Барселона во далечната 1997 година кога во групната фаза премиерлигашот славеше против каталонскиот гигант со 3-2.
Сепак, ако се гледаат меѓусебните пресметки, тогаш статистиката е на страната на Барселона, па премиерлигашот го чека тешка битка.
Rashford golazo vs Newcastle 😍#UCL pic.twitter.com/9sh0sjLATW
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) March 10, 2026
„Сакам да продолжиме да се натпреваруваме уште повеќе. Мора да го подигнеме нивото на игра, а нема ништо подобро од тоа од овој двомеч. Останаа 16 тимови и ние сме еден од нив. Не сакаме да ја прокоцкаме шансата“, кажа Хау.
Ханси Флик кажа дека неговите избраници ќе бидат внимателни во првиот натпревар затоа што Њукасл може да го загрози голот на Барселона.
„Њукасл игра многу добро, притискаат заедно, брзи се во фаза на напад, ќе мора храбро да се браниме. Двата натпревари ни се важни“, објасни Флик.
Фото: X/UEFA Champions League