Грчевски го скрати списокот за мечевите со Германија и Словенија

Селекторот на македонската женска ракометна репрезетација го објави конечниот список на ракометарки на кои ќе смеа за квалификациските мечеви против Германија и Словенија.

Во составот нема да биде нашата најдобра ракометарка, Сара Ристовска која се рехабилитира од повреда.

Македонија на 8 април ќе ја пречека Германија, а потоа гостува на Совенија. Собирот е на 6 април.

Секој гол на овие два меча ќе биде важен бидејќи Македонија и како една од најдобрите третопласирани може да избори место на Европското првенство.