Ирските навивачи враќале карти - не им се гледа мечот со Македонија!

Сериозна бројка на Ирци ги вратиле веќе купените билети за натпреварот против Македонија, стадионот во Даблин ќе има и празни места.

Билетите за утрешниот натпревар беа пуштени во продажба уште пред нивниот дуел со Чешка, па тие брзо пламнаа и стадионот во Даблин беше распродаден.

Ирците очекуваа утре да гледаат бараж финале против Данска за пласман на Светското првенство, а не беззначен натпревар против Македонија. Разочарувањето било големо.

Поради поразот, Фудбалската федерација на Ирска им дозволила на навивачите да ги вратат билетите кои чинеле по 175 евра, парите ќе им биле вратени.

Дури 10.000 ирски навивачи го направиле тоа, па се очекува утрешниот меч да го следат околу 40.000 гледачи. Оваа бројка дури може да биде и помала бидејќи се очекува да има навивачи кои нема да дојдат на стадионот, а официјално не ги вратиле влезниците.