Италијански војник го снимал тренингот на БиХ!
Босна и Херцеговина и Италија утре играат бараж за пласман на Светското првенство, а Босанците на вчерашниот тренинг имале непосакуван гостин.
Тренингот бил отворен за јавноста во првите 15 минути, но по ова време војникот останал, го извадил телефонот и снимал. Базата на ЕУФОР се наоѓала блиску до тренинг кампот.
Поради овој инцидент, Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина упатила жалба до мисијата ЕУФОР.
Мечот меѓу БиХ и Италија се игра утре (вторник) со почеток од 20:45 часот.