По седум години затворен случајот со Емилијано Сала
Кардиф претходно бараше над 120 милиони евра од Нант поради смртта на Сала, по низа претходни правни порази.
Одлуките на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Судот за спортска арбитража и Швајцарскиот врховен суд беа против велшкиот клуб во спорот со Нант, кој трае од јануари 2019 година.
Аргентинецот Сала, тогаш на 28 години, премина во Кардиф од Нант за рекордни 17 милиони евра, додека клубот се бореше за опстанок во Премиер лигата.
Меѓутоа, малиот авион со кој патуваше од Франција кон Велс се урна во морето кај островот Гернзи. Пилотот Дејвид Иботсон исто така го загуби животот во несреќата. По трагедијата, Кардиф тврдеше дека трансферот не е целосно завршен, но ФИФА утврди дека сите потребни меѓународни документи биле поднесени.