Славниот Марсеј по 22 години доби ново лого (ФОТО)
Тринаесетата промена на грбот носи и промена на бојата на логото, наместо небесносина, новиот грб ќе биде во потемна нијанса. Исто така новиот грб ќе има позаоблен облик од сегашниот, воведен во 2004 година и ќе биде најсличен на оној што клубот го користеше во периодот од 1935 до 1972 година.

Сепак, оригиналниот предлог за новиот грб наиде на остро противење од навивачите.
Предлогот предвидуваше отстранување на ѕвездата која симболизира освојување на Лигата на шампиони, нешто што навивачите не сакаа да го прифатат, па на крајот таа остана.
Ѕвездата првпат беше вклучена на грбот во 1996 година, а исто така не дозволија да биде отстранет ниту слоганот испишан под логото кој секогаш бил присутен на грбот освен во период од 1935 до 1981 година.
