Легендарниот Џермејн Дефо за првпат стана главен тренер

Eден од најдобрите англиски голгетери, Џермејн Дефо кој ја заврши кариерата во 2022 година за првпат доби можност да работи како главен тренер.

Дефо откако се повлече се посвети на тренерската работа, а откако беше дел од младинските категории на Тотнем и Ренџерс, сега ќе има прилика како главен тренер да работи во Вокинг клуб од петтиот ранг на англискиот фудбал (Национална лига).

Вокинг во првенството е 11-ти со девет бода помалку од местата кои обезбедуваат место во плеј-офот, па така јасно е дека борбата да се стигне до нив е тешка за оваа сезона. Сепак, со Дефо сакаат да градат и тим кој би бил повеќе конкуретен следната сезона.

Низ кариерата Дефо настапувшае за Вест хем, Тотнем, Портстмун, Ренџерс и Сандерленд каде што ја почна кариерата, но и ја заврши.