Противникот на Пелистер за место во Келн во полуфиналето даде 50 гола!

Ракометарите на Пелистер го дознаа противникот во утрешното финале на турнирот во Пореч, натпревар во кој ќе играат за место на фајнал-фор турнирот во младинската Лига на шампиони.

За место на турнирот битолскиот претставник ќе игра против Фуксе Берлин кој денеска буквално го прегази Загреб со 50-29.

Доминираа Германците од почетокот до крајот на натпреварот, а победата ја најавија уште по првиот дел во кој на противникот му дозволија само 13 гола, додека тие во двата дела постигнаа по 25 гола.

Не помогнаа за хрватскиот тим ниту 12 гола на Вито Рагуж, додека на спротивната на страна Лео Новак беше најефикасен со седум постигнати гола.

Пелистер ќе потсетиме и минатата година играше на завршниот турнир во оваа категорија, а во утрешниот натпревар ќе се обиде да го повтори подвигот.

Финалето меѓу Пелистер и Фуксе Берлин се игра утре со почеток од 16 часот, победникот оди на фајнл-фор во Келн.