ФИФА го соопшти ставот околу одложувањето на СП 2026

Почетокот на Светското првенство 2026 се ближи, а ситуацијата на Блискиот Исток носи многу прашалници кои треба да се одговорат пред стартот на Мундијалот.

Од 28 февруари започна војната на тој дел од континентот, Израел и САД го нападнаа Иран. Борбите се уште траат и нејасно е кога ќе запрат.

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека војната е во голема мера комплетирана дури и пред предвидениот рок кој тие си го одредиле.

На крајот на овој месец, треба да се одржат плејоф натпреварите кои ќе ги дадат последните учесници на Мундијалот, а во нив единствен учесник од Азија е Ирак.

Од Ирак се пожалија дека во овој момент се борат да ги изнесат играчите од Блискиот Исток и сакаат да се одложи натпреварот и да се одигра на некоја недела пред почетокот на Светското првенство со цел да можат да се подготван правилно. Но тешко дека тоа ќе се случи.

Има опција за Ирак и директно да се квалификува на СП, тоа би се случило ако Иран и дефинитивно се откаже. Во таков случај Обединетите Арапски Емирати ќе го играат баражот.

Од ФИФА засега нема најава за одложување, од таму има само надеж дека сите репрезентации ќе учестуваат вклучувајќи го и Иран.

„Во одреден ќе имаме решение за сите детали, но Светското првенство секако ќе се одржи. Мундијалот е премногу голем и се надевам дека сите екипи кои се квалификуваа ќе учествуваат“, рече Хејмо Ширги, главниот оперативен директор на ФИФА.