Почина поранешниот фудбалски судија Васил Кировски - Џери

Легендарниот македонски фудбалски судија Васил Кировски - Џери почина на 86-годишна возраст.

Џери ги направи првите фудбалски чекори во ФК Миг, а потоа стана судија при што ги помина сите натпреварувачки категории, а стана и судија во Првата лига на Југославија.

Кировски судеше натпревари и во Купот на шампионите, односно денешната Лига на шампиони (ЛШ).

По осамостувањето на Македонија, Кировски суди натпревари и во Првата македонска фудбалска лига, а потоа работел и како судиски контролор, регрутер и ментор на новите генерации.