Елмас се најде во тимот на колото во Серија А! (ФОТО)
Елмас имаше одличен меч против Торино кој го круниса со погодок, тоа беше негов прв во оваа сезона.
Пофалби стигнуваа од сите страни, а најголемите дојдоа од неговиот тренер, Антонио Конте.
Дека таквите пофалби не се само обични зборови за мотивација, доказ е тоа што Елмас се најде во тимот на колото од Серија А и тоа како единствен фудбалер од Наполи.
Тим на 28 коло во Серија А: Мајк Мењон (Милан); Андреа Камбијасо (Јувентус), Адам Марушиќ (Лацио), Первис Еступињан (Милан); Да Куња (Комо), Елиф Елмас (Наполи), Џонатан Рове (Болоња), Даниеле Малдини (Лацио); Киеран Боуви (Верона), Џанлука Скамака (Аталанта), Кенан Јилдиз (Јувентус).
