Романските медиуми продолжија да ја понижуваат Шкендија и покрај лекцијата по фудбал среде Букурешт! (ФОТО)

Шкендија го елиминира незгодниот противник ФЦСБ од квалификациите во Лигата на шампиони (ЛШ), но романските медиуми и покрај тоа продолжија да го понижуваат македонскиот шампион, наместо да го критикуваат сопственикот на поразениот состав, Џиџи Бекали.

Бекали пред реваншот против тетовци најавуваше дека уште на полувреме ќе биде 3-0 за ФЦСБ, меѓутоа работите очигледно не се одвивале по неговиот план, па на крајот Шкендија им одржа фудбалска лекција среде Букурешт.

Романските медиуми за Шкендија посочија дека бил „второлигашки тим и најслаба екипа во ЛШ“, иако така не изгледаше вечерва на теренот во Букурешт.

Фото: Facebook/Shkendija FC