Ивановски со пресврт против Шапиќ избори четвртфинале во Куршумлијска Бања

Македонскиот тенисер Калин Ивановски триумфира против Ѓорѓе Шапиќ со 2-1 во сетови, односно 6-7, 6-1 и 6-1 за пласман во четвртфинале на турнирот во Куршумлијска Бања.

Шапиќ беше подобар од Ивановски во првиот сет во тај-брејк со 7-5, но македонскиот тенисер се разигра во продолжение и ги доби следните два сета со по убедливи 6-1.

Ивановски во четвртфинале ќе се соочи против подобриот од дуелот меѓу Гулин и Недев.