Јамал се јави по елиминацијата: Ние сме Барселона и ќе се вратиме на врвот!

Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал испрати порака до фановите по елиминацијата на каталонскиот гигант од Лигата на шампиони (ЛШ).

Јамал објави порака на социјалните мрежи по елиминацијата од Атлетико Мадрид и даде ветување дека ќе го вратат тимот на врвот.

„Ние сме Барселона и ќе се вратиме каде што припаѓаме. Родителите ме научија дека човек мора да го одржи својот збор и ќе го вратиме трофејот во Барселона“, кажа Јамал.

Шпанскиот репрезентативец посочи дека го оставиле срцето на терен против Атлетико, но не било доволно за пласман во полуфинале на ЛШ.

Фото: Facebook/FC Barcelona