Реал поради една причина, нема да прави големи промени во тимот за следната сезона!
Последните информации од Шпанија велат дека Реал Мадрид ќе направи само 2-3 промени во составот.
Причината е тоа што фудбалерите кои имаат договор сакаат да останат во Реал Мадрид и клубот не може да ги избрка.
Доколку не може да продаде играчи, нема да може ниту да донесе повеќе засилувања бидејќи нема да се ослободи буџетот за плати.
Има неколку фудбалери на кои им истекува договорот и тие ќе заминат, но најголем дел од оние кои имаат договори ќе продолжат да го носат дресот на Реал и следната сезона.
Деновиве ќе се знае и иднината на Алваро Арбелоа, играчите сакаат тој да остане, но последниот збор ќе го има Флорентино Перез.