Ѓоковиќ го потврди учеството во Мадрид, ама синоќа ги разочара навивачите
Пред неколку дена тој објави дека сигурно ќе биде дел од турнирот, но вчера, за време на кошаркарскиот натпревар меѓу Реал и Црвена Звезда ги збуни фановите затоа што откри дека, сепак, неговото учество не е сигурно.
„Се надевам дека ќе можам да играм. Имам некои физички проблеми и сè уште не сум сигурен дали ќе можам да се натпреварувам, но ќе се обидам“, изјави Ѓоковиќ за шпанските медиуми.
Се очекува Новак да биде трети или четврти носител на турнирот, во зависност од тоа дали ќе настапи Карлос Алкараз кој го прекина настапот на турнирот во Барселона поради повреда на зглоб на раката.